Македонија

Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни

Не мислам дека тоа е правата порака што треба СДСМ да ја испраќа, потенцира Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која беше поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација. Одговарајќи на новинарско прашање по изјава на Претседателот на СДСМ Венко Филипче за тоа како работи Владата, премиерот даде свое видување.

Венко Филипче е се уште претседател на најголемата опозициска партија во Македонија. Тој е нормално така да ја оценува Владата бидејќи тој мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните. Тој ја оценува Владата за година и половина свое работење и тука дава свoј суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателство кој за истиот период во СДСМ. За тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа, но тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за тој ист период. Изјавите се какафонични, една со друга контрадикторни и не мислам дека тоа е правата порака што треба СДСМ да ја испраќа. Но, тоа се нивни работи и тие знаат како треба да работат.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top