Македонија

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко,

Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави:

– Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, инаку апсолутно е неточно, вели Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема мигранти додека е Филипче во опозиција

Венко Филипче, кога беше министер во владата на Заев, активно работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци со што го прави единствениот актуелен политичар кој работел на населување на мигранти во Македонија

To top