Македонија

Касами: Дехари не донесе ништо добро во Кичево, не можеме да застанеме зад него само оти е Албанец!

Билал Касами, тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, од коалицијата Вреди, во интервјуто за ТВ Алсат посочува дека „намерата не била да се поддржи ниеден кандидат, поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси“.

Билал Касами се произнесе во врска со коментарите на премиерот Христијан Мицкоски околу неговата изјава за поддршка на Фатмир Дехари, кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) во Кичево. Касами нагласи дека не ја смета реакцијата на Мицкоски како „предупредување“, додавајќи дека „неговата изјава е извадена од контекст“. Ова го објави ТВ Алсат.

Телевизијата ги пренесува покарактеристичните искажувања на Касами во интервјуто: „Не сметам дека имало какво било предупредување. Мора да ги земеме предвид контекстот, местото и медиумот, во кои е дадена изјавата. Таа беше политички погрешно толкувана, бидејќи нашите противници се обидоа да ја отворат етничката карта на овие избори.“ – рече Касами.

Тој нагласи дека „неговите ставови се јасни и во согласност со ставовите на коалицијата Вреди“, посочувајќи дека „намерата не била да се поддржи ниеден кандидат, поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси“. „Фатмир Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ, кој за време на неговото владеење не донесе ништо добро во Кичево. Напротив, им наштети на градот и на луѓето од Кичево. Поради оваа причина, не можеме да застанеме зад него само затоа што е Албанец.“ – нагласи Билал Касами.

Тетовскиот градоначалник додаде дека „Движењето Беса отсекогаш ги поддржувало кандидатите кои ги претставуваат интересите на граѓаните, без оглед на етничката припадност“. „Како градоначалник на Тетово работев за сите граѓани Албанци, Македонци, Турци, Роми. Тетово е космополитски град и сите ги уживаат сите придобивки од овие четири години. Во овој дух и во Кичево би сакале ДУИ да избере друг, подостоен кандидат.“ – напомна Касами.

Тој рече дека „Движењето Беса имало свој кандидат во Кичево“ и оти „граѓаните сега знаат кого треба да поддржат во вториот круг“. – објави ТВ Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top