Македонија

Богдановиќ: Од ревидирани планови до хаос во Капиштец

Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на општина Центар, преку својот Фејсбук-профил ја споредува состојбата со градбите во општината пред и по неговиот мандат,

Саша Богдановиќ, поранешен градоначалник на општина Центар, преку својот Фејсбук-профил ја споредува состојбата со градбите во општината пред и по неговиот мандат, истакнувајќи колку неговиот наследник се придржувал до ревидираните урбанистички планови изработени во соработка со граѓаните пред четири години.

„7:52 наутро, улица Васил Ѓоргов, населба Капиштец. Кога се ревидираа плановите, се дисциплинираа градбите и во најголем дел од соработката со граѓаните се усогласивме каде има простор да се гради, а каде не – сè со цел подобрување на условите за живот на секој центарец. За 4 години се кажува дека се издадени (податок од дебатите а локалните избори) скоро до 400 одобренија (не се сите за гради, има и а реконструкции, кровови, итн.) но факт е дека има над 150 активни градилишта. Многу одобренија се издадени за кратко време, а притоа се сменети само три плана и никаде, не се сменила инфраструктурата. Ревидирањето на плановите (вкупно 9 се ревидираа) донесе да се намалат скоро 14.000 м2 за градба и многу објекти кои беа на државно земјиште да се пренаменат во градинки (како градинката во Пролет), паркови и игралишта (како паркот а велосипеди пред Олимписки базен), да се прошират зелени површини и површини за игралишта, школи и градинки. Денес го имаме ова. Луѓе доцнат на работа, ученици доцнат на училиште, а децата доцна се носат во градинка“, пишува на својот ФБ-профил, Саша Богдановиќ.

Најнови вести од: Македонија

Запленети 35.000 австралиски долари на аеродромот во Скопје

Иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства

To top