Бизнис

Македонија испраќа јасна порака – без стабилни финансиски модели нема зелена транзиција

Денешниот панел ја става ги фокус меѓународните финансиски институции и новите финансиски механизми за поддршка на приватниот сектор со цел заштеда на трошоци и зајакнување на ефикасната зелена транзиција. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска нагласи дека финансиските модели мора да се усогласат со реалните потреби на домаќинствата, малите и средни претпријатија и индустријата.

Инвестициите во енергетска ефикасност и обновливи извори подразбираат предвидливи правила, дигитализирани и стандардизирани постапки и инструменти за де-рискирање што го катализираат приватниот капитал преку локалните банки. Ова се клучните приоритети кои Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги поставува како непосредна агенда на панелот „Financing Energy Efficiency and Renewable Energy“, во рамките на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој – IFESD- 14, одржан под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“.

Форумот се огранизира во партнерство УНДП, и петте комисии на ОН, а фокусот е од идеи да се создадат финансиски портфолија преку стандардна документација, агрегирање на помали иницијативи и предвидливи рокови за дозволи и приклучок кон мрежата, со силни стандарди за мерење, известување и верификација на резултатите.

Денешниот панел ја става ги фокус меѓународните финансиски институции и новите финансиски механизми за поддршка на приватниот сектор со цел заштеда на трошоци и зајакнување на ефикасната зелена транзиција. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска нагласи дека финансиските модели мора да се усогласат со реалните потреби на домаќинствата, малите и средни претпријатија и индустријата.

  • „Јасни критериуми, транспарентно следење на резултати и стабилна, предвидлива регулатива се предуслов за доверба на инвеститорите. МЕРМС веќе работи на ажурирање на законската и подзаконската рамка за енергетска ефикасност и обновливи извори, на поедноставување и дигитализација на административните постапки, на појаснување на процедурите и роковите за приклучок кон мрежата, како и на проширување на пристапот до поволни кредити и мешовито финансирање во соработка со меѓународните финансиски институции и локалните банки“, рече во воведното обраќање министерката Божиновска.

Програмата на IFESD-14 е ориентирана кон практични решенија и мерливи резултати.

  • „Секое евро вложено денес во енергетска ефикасност и обновливи извори е инвестиција во поздрава заедница, поконкурентни бизниси и стратешка отпорност утре. Со усогласени правила, финансирање и имплементација, амбициите ги претвораме во проекти што мерливо ги намалуваат сметките и емисиите,“ дополни министерката Божиновска.

Во воведниот дел се обрати и Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, која потенцираше дека потребни се конкретни модели што го катализираат капиталот со цел да се остане на трасата за декарбонизација.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top