Македонија

Николоски: Работиме на децениски предизвик

Сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во Општина Брвеница го посети кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски, кој е кандидат за втор мандат.

Николоски потсети дека сите средства кои Илиевски ги добил со таканаречениот „Унгарски кредит“ се реализирани, а најави дека Општината Брвеница ќе спроведува уште десетина проекти од вториот повик за инвестиции во инфраструктурата.

Тие ја посетија улицата „Браќа Јаниќ“ која се реконструира со вложување на 9,8 милиони денари. Воедно Николоски потсети дека се работи на деценискиот предизвик – сите населени места од Општина Брвеница да добијат директен излез на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

– Драго ми е што цела нова населба се развива околу лицата и драго ми е што Општина Брвеница расте. Луѓе доаѓаат и се доселуваат тука. Исто така она што можам да го најавам е дека по насока на Владата и министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на нешто што беше децениско барање на жителите на Општина Брвеница, а тоа е клучката којашто ќе ја приклучува општината директно на автопатот. Знаете дека сега од една страна има влез од другата страна нема влез, така што тие целосно решение коешто ќе овозможи директен излез на автопат на сите населени места коишто ќе бираат кон општината, кажа градоначалникот дека од првиот повик сите средства се искористени, рече Николоски.

Тој посети дека Општина Брвеница под раководство на Јовица Илиевски обезбеди 60 милиони денари за десетина капитални инвестиции со вториот повик од „Унгарскиот кредит“.

– Се работи за исклучително успешен градоначалник, човек којшто целосно ја трансформира општината. Свесен сум дека неговите опоненти заради тоа се нервозни. Свесен сум дека има сериозна нервоза кај неговиот противкандидат затоа што нема што да каже и не може да се пофали ниту со дела, ниту со проекти, ниту нешто оставил зад себе. И затоа оди на национализам. Тој национализам нема да помине и градоначалникот ќе добие и втор мандат тука, а во вториот мандат првиот состанок ќе му е со мене. Имаме резервирано дополнителни средства во министерството за транспорт и најавувам дека за Општина Брвеница ќе има специјален буџет, рече Николоски.

Градоначалникот Јовица Илиевски рече дека несебичната поддршка од Владата и министерството со овие проекти кои ги добиле е од голема помош како за мала рурална средина.

– Ова е огромна помош и јас верувам дека сум поддршка на владата и на министерот ќе продолжиме. Денес сме на улица „Браќа Јаниќ“, утре почнува да се асфалтира и улица „Вардарска“ во Брвеница, Долно Маало во Челопек, во Теново улица кај стадионот. Од вториот повик, значи околу 70% сме почнати со изведување на улици, ни останува „Браќа Стефановиќ тука во Брвеница, две улици во Челопек и една во Милетино, рече Илиевски.

Тој потсети дека со првиот повик од „Унгарскиот кредит“ се инвестирани вкупно околу 40 милиони денари за повеќе проекти.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

To top