Македонија

Од полноќ изборен молк за вториот круг локални избори

Во недела ќе се гласа во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување

Во вториот круг од годинашните локални избори за градоначалник ќе се гласа во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници откако Управниот суд ги поништи резултатите поради утврдени нерегуларности.

Втор круг од гласањето за избор на градоначалник ќе има во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и во Градот Скопје.

Изборите за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, каде во првиоткруг од локалните немаше доволна излезност ќе се одржат во наредните 60 дена.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top