Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски ќе го бетонизира и Влае

Фирмата „Аполо инженеринг“ позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила државно земјиште во населба Влае

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку фирма блиска до него – „Аполо инженеринг“ – овозможил приватизација на земјиште во населбата Влае, кое било дел од јавна инфраструктура, објави ВМРО-ДПМНЕ.

„Аполо инженеринг“ добила земјиште преку приватизација, меѓу кое и дел од улицата „Есперанто“ пред Кино Влае, што, како што велат од партијата, претставува пример на „узурпирање на јавен простор за личен интерес“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, фирмата во 2016 и 2017 година доставила два геодетски елаборати по донесувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) кој, како што тврдат, бил потпишан лично од Јакимовски и предвидувал изградба на висококатница токму на местото каде подоцна фирмата добила имот.

„Аполо инженеринг“ платила само 285 денари за квадратен метар, или околу 3.500 евра вкупно, што е многу пониско од реалната пазарна вредност на земјиштето во Влае,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат и дека неколку месеци по приватизацијата фирмата го продала истото земјиште на својот сопственик, Јонче Спирковски, за износ од 2.950.000 денари, што, според нив, укажува на „фиктивна зделка со цел профит“.

„Ова е уште еден пример како јавниот интерес се претвора во приватен. Јакимовски ја претвори Општина Карпош во своја приватна фирма, а граѓаните се последни на листата на неговиот интерес,“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top