Хроника

Претепал до смрт 53-годишен маж од Богданци, осомничениот е уапсен

Стар Дојран

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болницата во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р..

Како што соопшти МВР, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22.25 часот во Сретеново.

Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Осомничениот е задржан во полициската станица во Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР

Најнови вести од: Хроника

Поранешниот сопруг е осомничениот за убиството на жената (48) во Скопско – уапсен е нејзиниот поранешен сопруг, а задржани се и тројца негови пријатели

Под сомнежи за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели, велат од ОЈО Скопје. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што беше пронајдено безживотно тело на жена (48) од Таор, информираат од Обвинителството. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Се преземаат дејствија за и целосно расчистување на настанот.

To top