Македонија

Ахмети прогласи победа на ,,националниот глас”, призна пораз во трката за градоначалници

Пораката е примена, тврди лидерот на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека тие го освоиле мнозинството од гласовите на народот низ целата земја, и покрај тоа што не ја добиле градоначалничката трка

 

На прес конференцијата по затворање на гласачките места Ахмети рече дека ова е порака од граѓаните што тие ја прифаќаат.

 

„Го освоивме мнозинството од гласовите на народот низ целата земја, или поточно националниот глас на овие избори со над 23 илјади гласови повеќе. Но, не успеавме да ја добиеме трката за градоначалници. Ова е сложена порака што ја прифаќаме со почит и одговорност. Граѓаните покажаа дека веруваат во нашите вредности, во нашата визија, но во исто време бараат да го обновиме начинот на кој ги претставуваме овие вредности на терен“, рече Али Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top