Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го освои Скопје и уште 53 општини

Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Две општини ќе ги водат независни кандидати

 

Како и што се очекуваше владејачката партија освои убедлива победа на локалните избори освојувајќи 53 градоначалнички места во општините и со убедлива победа во Градот Скопје.

Тоа се 12 места повеќе од минатите локални избори во 2021 година, кога партијата имаше 42 градоначалници.

Голем пад на овие избори за СДСМ, партија која има 10 градоначалнички места помалку од минатите локални избори, односно од 16 во 2021 година, падна на шест градоначалници. ДУИ (сегашно НАИ) исто така доживеа пад за седум градоначалници, и од 11, сега имаат само четири градоначалнички места.

На Локалните избори 2025 учествуваа вкупно 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има осум градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден градоначалник.

Две општини ќе ги водат независни кандидати.

На вториот изборен круг вчера се избираа градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. На 19 октомври, пак, во првиот круг, беа избрани 44 градоначалници.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше вчера немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Ова беа осми Локални избори во земјата, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top