Македонија

Премиерот Мицкоски во Брисел на Euronews Enlargement Summit

Euronews ја иницира оваа средба со цел да им даде глас на земјите-кандидати во момент кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја ребрендира политиката на проширување како „повторно обединување на Европа“

Во пресрет на историскиот Euronews Enlargement Summit, што ќе се одржи утре на 4 ноември во Брисел, европските и кандидатските лидери ќе разговараат за иднината на европската интеграција и за новата динамика на проширувањето на Европската унија кон исток и југоисток.

Настанот, кој ќе биде пренесуван во живо на телевизиските и дигиталните платформи на Euronews, претставува прв ваков формат што овозможува директен дијалог меѓу носителите на политички одлуки во Унијата и лидерите на земјите кои чекаат членство.

Самитот ќе го отвори претседателот на Европскиот совет, Антониу Кошта, а меѓу учесниците се и претседателите на Молдавија и Србија, Маја Санду и Александар Вучиќ, трите премиери од Западен Балкан –Христијан Мицкоски (Македонија), Еди Рама (Албанија) и Милојко Спајиќ (Црна Гора) – како и еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Euronews ја иницира оваа средба со цел да им даде глас на земјите-кандидати во момент кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја ребрендира политиката на проширување како „повторно обединување на Европа“.

Самитот ќе биде одржан во ист период кога Европската комисија ќе го претстави годишниот Извештај за проширувањето 2025, што ќе го дефинира тонот на европската политика за следната година.

Покрај политичкиот контекст, овој настан ќе претставува и можност лидерите на земјите-кандидати да ги изложат сопствените перспективи за процесот на пристапување: од решителноста на Молдавија, која се соочува со хибридни закани од Русија, до долготрајните предизвици на Западен Балкан, каде што граѓаните со години го чекаат отворањето на вратите кон Унијата.

Украина поднесе барање за членство само четири дена по руската инвазија во февруари 2022 година и за рекордни четири месеци доби кандидатски статус. Молдавија го следеше истиот пат и сега очекува да ги заврши преговорите до 2027 година. Црна Гора предничи меѓу кандидатите, со сите 33 поглавја отворени и седум привремено затворени, со цел целосно членство до 2028 година

Македонија, пак, останува најдолг кандидат во процесот — аплицира уште во 2004 година, но беше блокирана од низа билатерални спорови.

Euronews истакнува дека оваа средба ќе биде клучен момент за европската иднина, бидејќи процесот на проширување не е апстрактен — тој директно ги засега милиони граѓани и ја одредува визијата за континентот како простор на стабилност, демократија и заеднички вредности.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top