Македонија

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница е уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров

Неверојатен инцидент на Задушница на гробишта во Ѓорче Петров

Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров се случил необичен инцидент. Според сведоштва на граѓани, маж облечен во мантија се претставувал како свештено лице и нудел изведување на верскиобреди за пари.

Еден од присутните граѓани, кој своето искуство го споделил на социјалните мрежи, раскажал дека додека „попот“ се подготвувал да отпее на местото пристигнала полиција и го привела лицето, по што обредoт не бил изведен.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top