Свет

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

Трамп претходно се закани дека ќе го прекине федералното финансирање од градот Њујорк ако Мамдани победи и ги повика Евреите од Њујорк да гласаат против него

 

Зохран Мамдани (34) демокраски социјалист победи во градоначалничката трка во Њујорк, завршувајќи го метеорскиот и неочекуван подем од малку познат државен претставник до една од највидливите личности во Демократската партија во земјата.

Мамдани, следбеник на шиитскиот ислам, ќе биде 111-ти градоначалник на Њујорк, првиот муслиман и првиот социјалист што ќе владее со „Големото јаболко“.

Мамдани ќе биде и најмладиот градоначалник на градот во повеќе од 100 години.

Тој вети дека ќе земе 10 милијарди долари од богатите за изградба на станови со ниска кирија, бесплатен превоз и отворање продавници со ниска цена.

Мамдани го победи поранешниот државен гувернер Ендру Куомо (67), кој се кандидираше како независен откако ја изгуби демократската номинација.

И двајцата кандидати носеа политички багаж – Мамдани се соочи со критики за неговиот идентитет како демократски социјалист и за минатите изјави за Израел и Полициската управа на градот Њујорк, додека оставката на Куомо во 2021 година поради обвинувања за сексуално вознемирување дополнително влијаеше врз неговиот обид да се врати во политиката.

„Секое утро ќе се будам со една цел – да го направам овој град подобар за вас отколку што беше претходниот ден“, рече Мамдани во својот победнички говор, во кој директно му се обрати на американскиот претседател:

„Знам дека гледате – зголемете ја јачината на звукот“, му рече тој на Трамп.

Трамп претходно се закани дека ќе го прекине федералното финансирање од градот Њујорк ако Мамдани победи и ги повика Евреите од Њујорк да гласаат против него.

„Секој Евреин кој гласа за Зохран Мамдани (…) е глупав човек!!!“ напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го Мамдани дека „ги мрази Евреите“.

Најнови вести од: Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

Во една од најбогатите земји се враќа ќотекот како дисциплинска мерка во училиштата

Тој додаде дека училиштата ќе ја земат предвид зрелоста на учениците и ќе проценат дали таквата казна може да му помогне на детето да ја разбере сериозноста на своето однесување и да научи од своите грешки.

„Потполно неприфатливо“: Трамп го одби мировниот предлог на Иран

Иранскиот план повикува на прекин на војната на сите фронтови и предвидуваа САД да мора да платат воени репарации, а Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот

To top