Македонија

Наше, а светско: Кирил Џајковски со спектакуларен концерт на филмска музика во МОБ (ВИДЕО)

Незаборавно доживување им овозможи Кирил Џајковски на привилегираните сведоци на неговиот концерт на филмска музика вечерва во Македонската опера и балет, кои три пати го враќаа на бис, а громогласните аплаузи и свирежите од одушевување само го потврдуваат квалитетот на споделеното со обожавателите. Македонскиот музичар со блескава кариера (и) надвор од Македонија првпат во живо, […]

Незаборавно доживување им овозможи Кирил Џајковски на привилегираните сведоци на неговиот концерт на филмска музика вечерва во Македонската опера и балет, кои три пати го враќаа на бис, а громогласните аплаузи и свирежите од одушевување само го потврдуваат квалитетот на споделеното со обожавателите.

Македонскиот музичар со блескава кариера (и) надвор од Македонија првпат во живо, во придружба на дел од оркестарот и хорот на МОБ и други соработници, под диригентската палка на Џијан Емин изведе легендарни музички теми со негов печат втиснат врз македонските филмови „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на Филмскиот фестивал во Валенсија, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето полувреме“ итн.

Еден од најдобрите електронски музичари и композитори на Балканот во повеќе наврати ја крена на нозе исполнетата сала до последното место, докажувајќи по кој знае кој пат дека е „светско, а наше“.

Бравурите на Џајковски и соработниците на линкот:

https://www.facebook.com/share/v/19B56QRU9o/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top