Двете украински тела за борба против корупција NABU и SAP спроведуваат голема операција за разоткривање на корупција во областа на енергетиката.
Според јавните објави се вршат претреси на повеќе локации врз основа на 15 месеци работа и 1000 часа аудио снимки.
Документирани се активностите на високо ниво на криминална организација.
Членовите на оваа криминална организација изградиле обемна корупциска шема за да влијаат врз стратешките претпријатија од јавниот сектор, особено врз АТ „НАЕК „Енергоат“.
Извештаите од „Киев Индепендент“ и „Украинска Правда“ ги потврдуваат денешните претреси на НАБУ во имоти поврзани со Тимур Миндич, долгогодишен деловен партнер на Зеленски од студиото „Квартал 95“.
Миндич наводно избегал од Украина неколку часа пред рациите, што според дел од украинските медиуми може да се поврзе со истрага на ФБИ за перење пари.
Според наводите во прашање се нелегални провизии во висина од 15 до 20 проценти или стотици милиони евра за набавка на енергенси.
Тврдењата дека Зеленски директно го предупредил Миндич за истрагата остануваат непотврдени обвинувања.
Миндич е екс партнер на Зеленски во телевизискиот бизнис пред да стане претседател.
Антикорупциската агенција НАБУ според медимите е поддржана од САД, но работи според украинските закони.
Претресите на имоти на поранешниот министер за енергетика сè уште не се детално опишани во информациите од украинските извори.
Пари запленети во истрагата
