Регион

Наскоро нема излез од Грција за странците без платени сообраќајни казни?!

Без оглед дали му е пишан од полицаец или бил фатен од камера, налогот за наплата ќе го чека возачот на граница

Грција најави нов, автоматски систем, кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата ако имаат неплатени казни за сообраќајни прекршоци.

Грчкото Министерство за дигитална управа објави воведување на нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Штом ќе пристигне на границата, системот автоматски ќе ги прикажува сите неплатени сообраќајни казни во Грција, објави Инстаграм страницата nikana.gr.

Без разлика дали некој возач бил запрен и казнет од полицијата или фатен од новите сообраќајни камери без да биде свесен за тоа, ќе го чека сметка на граница. Мерката ќе се применува автоматски, со блокирање на излезот од државата додека не се намири долгот.

Целта на оваа новина е надминување на проблемот со слабата наплата на казните – годишно се пишуваат сообраќајни казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се собираат само 40 милиони.

 

Најнови вести од: Регион

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

To top