Свет

Француската десница во неизвесност: Ле Пен зависи од апелацискиот суд

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, изјави дека нема да се номинира за претседател на изборите во 2027 година, освен ако апелацискиот суд не ја укине сегашната забрана за кандидатурa, според бриселското Политико.

instagram.com/marine_lepen

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, изјави дека нема да се номинира за претседател на изборите во 2027 година, освен ако апелацискиот суд не ја укине сегашната забрана за кандидатурa, според бриселското Политико.

Ле Пен, која веќе трипати се натпреваруваше за претседателското место, треба да се појави пред судот на 13 јануари следната година, откако ќе ја поднесе жалбата за пресудата со која е прогласена за виновна за проневера на европарламентарни средства – обвиненија што таа ги отфрла како неосновани.

По прогласувањето за виновна, судот веднаш ѝ изрече петгодишна забрана за учество во избори, која апелацискиот суд би можел да ја поништи.

Доколку Ле Пен повторно биде осудена и добие казна што сè уште ѝ го блокира патот кон претседателската трка, таа изјави дека „ќе ја прифати својата судбина и ќе му ја предаде контролата на својот 30-годишен штитеник, Џордан Бардела“.

„Бидејќи Апелациониот суд веројатно ќе донесе пресуда во септември, нема да дозволам ова да се одолговлекува. Ако ми биде забрането да се кандидирам, но (највисокиот суд) пресуди во моја корист три или четири месеци подоцна, ќе биде предоцна за водење вистинска претседателска кампања“, изјави Ле Пен.

Анкета на францускиот истражувачки центар „Елабе“, објавена претходно овој месец, покажува дека и Ле Пен и Бардела поседуваат двоцифрена предност пред своите најблиски противници во намерите за гласање во првиот круг.

Најнови вести од: Свет

Најопасното оружје во Персискиот Залив не е ракета, подморница или носач на авиони – туку нешто што никогаш нема да го видите

Во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел, Ормутскиот теснец – тесниот пролаз низ кој поминува околу 20–21% од светската нафта и значителен дел од течниот природен гас – се претвори во потенцијално најопасното морско подрачје на планетата.

СБ на ОН ги осуди иранските напади врз соседите

Кина и Русија беа воздржани, но значајно е што не го искористија правото на вето за да ја блокираат оваа резолуција, веројатно затоа што доби огромна поддршка, не само во Советот за безбедност, туку и од другите земји-членки

To top