Македонија

(Видео): Колку македонскиот работник навистина е продуктивен?

Колку навистина македонскиот работник е продуктивен?! За некои да, но за некои не. Но што велат реалните анализи?! Стопанствениците споделија лоши прогнози. Дарко Велков од „Вработување.ком“ рече дека генерациските разлики значително влијаат на продуктивноста во земјата, која според регионалните показатели е меѓу најниските.

Колку македонскиот работник навтина е продуктивен?! За некои да, но за некои не. Но што велат реалните анализи?! Дарко Велков од „Вработување.ком“ во емисијата „Бизнис21“ изјави дека генерациските разлики значително влијаат на продуктивноста во земјата, која според регионалните показатели е меѓу најниските.

  • „Ако ја споредиме нашата продуктивност со земјите од регионот, сме претпоследни – што е многу тажно. Главната причина е смената на генерации“, рече Велков.

Тој објасни дека младите генерации имаат поинаков пристап кон работата и кариерата.

„Денешните млади не се толку лојални кон компаниите како порано и не сакаат да чекаат со години за напредок. Тие сакаат брзо да заработат и брзо да се развиваат“, додаде Велков.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top