Македонија

Одново се отвора комплексот „Македонско село“ на Водно

По пауза од седум години, денес одново ќе биде отворен комплексот „Македонско село“, лоциран на Водно, во близина на Нерези. Нов концесионер на овој комплекс е компанијата „Ла Тераца“, чија понуда беше одбрана како најповолна на јавниот оглас објавен од страна на Службата за општи и заеднички работи, јави МИА. Концесионерот е селектиран на легален […]

По пауза од седум години, денес одново ќе биде отворен комплексот „Македонско село“, лоциран на Водно, во близина на Нерези.

Нов концесионер на овој комплекс е компанијата „Ла Тераца“, чија понуда беше одбрана како најповолна на јавниот оглас објавен од страна на Службата за општи и заеднички работи, јави МИА.

Концесионерот е селектиран на легален и отворен начин, преку електронско јавно наддавање, користејќи го системот управуван од Министерството за финансии. Според најавите, на свеченото отворање ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Комплексот „Македонско село“ вклучуваше 12 оригинални куќи, со простории во кои беа претставени македонските занаети. Дел од куќите беа користени како хотелски соби, а имаше и угостителски дел.

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) смета дека со повторното отворање на комплексот ќе се “создадат услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.”

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top