Свет

Милановиќ: „Израел сака да го вовлече светот во војна“

„Израел може да прави што сака, тоа го прави со децении. Мислам дека со таква држава и со такво државно раководство не треба да се занимаваме. Тоа е едноставно криминална политика што не води никаде и која, за жал, има поддршка од Вашингтон“, изјаи вчра хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Милановиќ, исто така, се запраша каков […]

„Израел може да прави што сака, тоа го прави со децении. Мислам дека со таква држава и со такво државно раководство не треба да се занимаваме.

Тоа е едноставно криминална политика што не води никаде и која, за жал, има поддршка од Вашингтон“, изјаи вчра хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Милановиќ, исто така, се запраша каков е американскиот интерес во ова.

„Некој сака да предизвика светски конфликт, го прават тоа насилно, корумпирано и го прават со американско оружје“, рече тој.

Милановиќ вели дека за политиката на Израел мора отворено да се дискутира.

„За она што се случи пред 100 години, Холокаустот, не сум одговорен јас, ниту пак е одговорен некој од денешната хрватска политика. Затоа, мора да зборуваме без никакво комплексно и какво било можно, за мене неразбирливо, чувство на некаква преостаната античка вина.

Криминалците треба да се нарекуваат со нивните вистински имиња, а дел од раководството на сегашната израелска влада се криминалци“, рече тој.

Тој исто така рече дека „воопшто не го интересира“ како на неговите зборови ќ реагира „израелската амбасада тука или нивното Министерство за надворешни работи“

Тој заклучи дека Хрватска треба да ја признае Палестина.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top