Македонија

Поразениот кандидат за претседател на општина Брвеница Хаќим Рамадани најавува формирање нова политичка партија во албанскиот кампус?

Останува да се види во наредниот период, ако навистина Хаќим Рамадани основа нова политичка партија, каква ќе биде нејзината ориентација: дали ќе истапува врз основа на неговите веќе пројавени политички позиции на етничка поларизација меѓу Македонците и Албанците, со голема поддршка на ДУИ и Али Ахмети.

„Ако не го слушаат политичките партии гласот на народот, ние ќе бидеме таму – обединети, искрени и храбри – сами да ја направиме промената. Во наредните месеци ќе градиме платформа, што го става граѓанинот во центарот.“ – објави информативниот портал на албански  јазик „Тетова сот“ во својата вест со наслов „Хаќим Рамадани најавува формирање нова политичка партија“.

Порталот ја пренесува објавата на Рамадани вечерва на општествената мрежа, кој, покрај другото, наведува: „За време на неодамнешните средби со нашите граѓани и претставници на дијаспората, слушнав многу гласови што бараат вистински промени и претставување со одговорност. Ги прифаќам овие гласови со целосна посветеност. Нема да застанеме. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните. До следната фаза на политичкиот ангажман, ќе продолжам да бидам активен во општествениот живот, претставувајќи го населението на Брвеница на секое ниво каде што е потребен гласот на граѓанинот. Во наредните месеци ќе продолжиме да се среќаваме, да слушаме и заедно да градиме платформа, што го става граѓанинот во центарот.“

Инаку, Хаќим Рамадани настапи на годинашниве локални избори како кандидат на коалицијата Вреди за претседател на селската општина Брвеница во тетовскиот регион. Но, тој не го победи староновиот градоначалник Јовица Илиевски од ВМРО ДПМНЕ, иако со поддршка и на ДУИ организираше масовни доаѓања на албанското иселеништво од  Западна Европа да гласа за него. Обидувајќи се, како што самиот порачуваше, да им нанесе „национален пораз на Христијан Мицкоски и на Македонците“, Рамадани доживеа неговата платформа на етничка поларизација и создавање силен етнички набој за гласање врз етничка основа да бидат поразени со придонес и од Албанци, кои гласаа не за него, туку во низа случаи токму за кандидатот-Македонец.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top