Македонија

Барал да им се забрани на Ромите да гласаат на избори

67-годишникот објавил снимка на која барал на Ромите да им се забрани да гласаат на избори

ОЈО Кавадарци, по спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

На 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа, обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност.

Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори.

Најнови вести од: Македонија

Формиран кризен штаб во МНР: Подготвителни активности за евакуација

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) вчера формира кризен штаб кој работи 24 часа на располагање, поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток по заедничките американско-израелски напади врз Иран.

To top