Македонија

Димитриеска-Кочоска: Барањата на судството го надминуваат законскиот лимит

Рационално планирање на средствата е неопходно

Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот кој што му следува во судството согласно европските практики, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во гостувањето во Дневникот на Тв Сител.

– Во 2025 година буџетот за судството изнесуваше 2 милијарди 858 милиони денари, а со ребалансот изнесува 2 милијарди 748 милиони денари. За следната година, буџетот е предвиден на исто ниво, додека нивното барање беше 5 милијарди 229 милиони денари. Важно е да се напомене дека секој буџетски корисник, согласно Законот за буџети, добива лимит од Министерството за финансии во рамките на кој треба да ги планира своите расходи. За судството, лимитот бил 2 милијарди 995 милиони денари, изјави министерката.

Во однос на платите, министерката нагласи дека за 2025 година плати за судството се предвидени 2 милијарди 334 милиони денари, додека во барањата за новиот буџет тие изнесувале 3 милијарди 751 милион денари – односно речиси 1 милијарда 400 милиони денари повеќе од сегашното ниво.

– Во услови на фискална консолидација, кога претходно се трошело повеќе од дозволеното, сега е неопходно да се постави државата на правилен пат и да се постигне буџетски дефицит од 3% за следната година. Иста е ситуацијата и со Основното јавно обвинителство и Народниот правобранител – за секој од нив можеме да ги наведеме лимитите, барањата и разликите во однос на износите, кажа министерката и потенцираше дека мора внимателно да се провери од што точно ќе се пресметува овој процент.

– Не е доволно да се каже „0,3%, 0,4% или 0,8%“ – треба да знаеме од кои приходи или средства произлегува. Во моментов извршуваме детални анализи за да го утврдиме точниот процент од буџетот што ќе му следува на судството и обвинителството. Нашата цел е рационално користење на средствата и транспарентно планирање во рамки на законските лимити, заклучи министерката.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top