Македонија

Филипче максимално го користи сомнителниот ,,пенал” направен од министерот Алиу

Чудниот случај на министерот Алиу со жената оперирана од 2002 година која и денеска е во одлична здравствена кондиција

Пишува Александар Георгиевски

 

Еден од случаите за кои расправа и носи суд таканаречената комисија која по изјава на Сашко Кедев ја свика министерот за здравство кој инаку е информатичар и нема никакво познавање од медицината или кардиохирургијата, најдобро ја објаснува карма кашата во која влезе министерот за здравство Азир Алиу, инаку кадар на ВРЕДИ во владата.

Комисијата која не постои како можност во законите одлучила дека немало потреба за ,,Бај пас” кај жена која се уште е жива и здрава и ден денеска има целосен проток во крвните садови.

Членовите на комисијата на Алиу од кои дел не знаат како изгледа хируршки скалпел а дел со години не влегле во операциона сала, со прегласување, небаре решаваат за Мис на Македонија, решиле дека пред 23 години кога на жената и е направен ,,Бај пас”,  е направена грешка.

Тоа што жената на поодмината возраст од 2002 година денеска е во одлична здравствена кондиција за поголем дел од комисијата не е важно.

И тоа е се што обичен граѓанин треба да знае за случајот за кој Алиу најави дека ќе се обрати во јавноста кога ќе бидат познати финалните решенија, за во петокот да излезе на прес конференција да кажува недоречености и збунето да раскажува приказни без факти и наука.

На лидерот на опозицијата Филипче не му се важни приказните дека Алиу случајот го ,,пумпа” затоа што тој се однесува на две ,,македонски” здравствени институции.

За него конфузното однесување на министерот Алиу беше пенал во мечот против владата на ВМРО-ДПМНЕ кој го губи со 54:6.

Алиу кој претходно беше министер од Алијанса за Албанците со своите аматерски чекори и изјави на Филипче му даде аргументи за напад кои тешко се бранат.

Легитимно е сега Филипче и неговата партија да прашуваат зошто извештајот не е завршен а Алиу излезе во јавност пред да се заврши процесот и дополнително ја комплицира работата.

Филипче кој и самиот е хирург знае дека надгласувањето меѓу членови на комисијата кои немаат никакво искуство во кардиохирургија е глупост но тоа не му е пречка да се фокусира на освојување политички поени во битката со ВМРО-ДПМНЕ кои му ги сервира Алиу.

Јавноста и СДСМ допрва ќе поставуваат прашања за кои Алиу нема одговори:

 

– Врз основа на кои критериуми ќе бидат избрани странските експерти кои треба да дадат финален став за кардиохирургија или ќе се повтори најблаго речено чудната одлука на министерот, кардиолози да оценуваат работа на кардиохирурзи;

– Дали и тие ќе гласаат со прегласување со просто мнозинство, што е невидена пракса за оценка за нечија стручна работа, особено за операции кои се случиле пред повеќе години, или е неопходен стручен консензус на странски експерти кои мора да бидат кардиохирурзи;

– Како е можно пријавителите на наводните непотребни операции да бидат членови на Комисијата и да учествуваат во гласање кога со самата пријава створиле предубедување однапред. Дали е тоа идентично како обвинителот да гласа заедно со судот дали некој обвинет ќе биде осуден, како и многу други.

Општ е впечатокот дека прес конференцијата на Алиу беше преуранета затоа што не се работи за прелиминарен извештај туку за незавршен извештај и дека настапот на министерот имаше цел да прејудицира а не да даде балансирана презентација на настаните.

Зошто Алиу не ги дочека странските експерти туку истрча на прес конференција е интерсно прашање затоа што тој прво најави дека пред јавноста ќе се обрати кога странците ќе го дадат својот суд.

За набљудовачите на настаните е интересен и тајмингот на објавувањето на половичните ставови на Алиу кој излезе пред јавноста во моментот кога премиерот Мицкоски е под жесток напад од дел од судиите и правосудната мафија која што исто како и Филипче нема да ја пропушти шансата да ја префрли топката кај премиерот кој може да биде ставен во ситуација да одговара за жена оперирана пред 23 години.

А жената која за дел од комисијата на Алиу наводно била изманипулирана, се уште фала му на бога е жива и здрава.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

To top