Македонија

Мнозинството од СДСМ непотребно го продава младинскиот културен центар Europe House!

ЕУ амбасадорот да провери што се случува

Советничката група на ВМРО–ДПМНЕ Крива Паланка остро реагира на предлогот на градоначалникот Сашко Митовски и одлуката на советничкото мнозинство на СДСМ, на вчерашната седница на Советот, да се продаде општинскиот објект во којшто функционира Европската куќа (Europe House). Тоа е единствениот современ младински, образовен и културен центар во Североисточениот регион.

Покрај фактот дека просторот е целосно функционален, секојдневно користен од младите, образовните институции, граѓанските организации, уметничките групи и бројни иницијативи, владејачкото мнозинство одлучи да го отуѓи овој објект без анализа, без јавна расправа и без било каква стратегија за зачувување на јавниот интерес.

На самата седница, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Рангелов, во своето излагање упати јасно прашање до градоначалникот Митовски:

– Дали вам ви треба нашата одлука за да може да кажете дека граѓаните, преку нивните претставници, донеле одлука за продажба на Европската куќа. Што ќе се случи со Europe House? Дали објектот ќе биде преместен на друга локација и во кој простор?

На овие прашање советникот Рангелов не доби конкретен одговор.

Советникот Јовановски нагласи дека објектот е заеднички имот на кривопаланчани и јасно го изрази ставот на советничката група на ВМРО–ДПМНЕ против негово отуѓување, особено кога станува збор за простор со вистинска европска функција и значење за заедницата.

– Со оваа непромислена одлука се ризикува да се уништи единствениот јавен простор кој обезбедува современи услови за младински активности, образование, култура и граѓанско учество во Крива Паланка – рече Јовановски.

Советничката група на ВМРО–ДПМНЕ ја повикува Делегацијата на Европската Унија, како и амбасадорот Рокас, да се запознаат со случајот и да го увидат влијанието што оваа одлука ќе го има врз функционирањето на Европската куќа, европските програми и младинските иницијативи во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top