Македонија

Судството во 2025 година имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Изјава на Гордана Димитриеска Кочоска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, изјави дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа како е регулирано тоа во европските земји.

Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно кој ќе има одреден процент кој ќе го добие судството. Притоа морам да напоменам дека правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските земји, бидејќи за некој процент што зборуваше, е многу повисик во однос на тоа што значи процент издвоен за судство во европските земји, рече Димитриеска Кочоска.

Таа направи споредба со буџетите на судството во изминатите години, како и средствата што тие ги бараат.

Би сакала да ја искористам приликата да искоментирам дека нивниот буџет во 2025 година бил 2,85 милијарди денари, па потоа со ребалансот 2,74 милијарди денари, за следнава година се на исто ниво како минатата, а притоа морам да напоменам дека барале 5,22 милијарди денари (80-тина милиони евра, н.з.). Значи од 2,7 милијарди барале 5,22 милијарди денари. Притоа лимитот којшто согласно законот за буџети кога се спрема буџетскиот циркулар, секој буџетски корисник добива од Минстерството за финансии лимит во рамки на којшто треба да си ги планира своите расходи. Лимитот им бил 2,99 милијарди денари. Она што е многу поважно за мене, во однос на платите, платите за 2023, на пример, за да направиме споредба биле 1,99 милијарди денари, а платите во 2025 се 2,33 милијарди денари (38 милиони евра, за 6 милиони евра повеќе, н.з.), а платите кои ги побарале во тој буџетски циркулар за плати побарале 3,75 милијарди денари (или плус околу 22 милиони евра,н.з.). Значи од 2,3 побарале скоро 1,4 милијарди денари повеќе во услови кога имаме фискална консолидација, кога некогаш се трошело многу повеќе отколку што било дозволено, а ние сега треба државата да ја вратиме во нормала што значи следната година треба да постигнеме три проценти буџетски дефицит, рече таа.

Министерката повтори дека во моментов се прават анализи за тоа отприлика колкава би била бројката, но тоа мора да се поткрепи.

Сега во моменот анализираме, знаеме отприлика каква би била бројката, но мора уште еднаш да се поткрепиме и да се потврдиме од што, бидејќи не е само да кажаме 0,3, 0,4 или 0,8 проценти, туку мора да знаеме од што“, изјави Димитриеска Кочоска.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека до крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството и бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи. Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, на повеќе локации низ главниот град се регистрирани сериозни последици од невремето. На улицата „Женевска“ број […]

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

To top