Македонија

Земјоделците да не се грижат, се врши контрола на договорите – ќе ја информираме ЕУ за исходот, рече Трипуновски

Одма по акцијата каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија. Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за да испита што точно се случувало во Платежната агенција.

  • „Сето тоа е искомуницирано со Брисел, и оттаму дадоа позитивна критика за брзата реакција. Со нашата реакција ќе превенираме евентуални други несакани последици. Она што ние како држава ќе го направиме во проверките, ќе биде испратено како извештај до Брисел, за да дефинираме што се случувало“, појасни тој.

Министерот Трипуновски посочи дека тука станува збор за девијантно однесување на еден од вработените, а не за системот. Тој додаде дека Агенцијата е поделена на две структури, едниот дел е за национални плаќања, односно субвенции, а другиот дел се однесува на реализација на ИПАРД средствата.

Вториот дел во моментов е под национална ревизија. Министерот Трипуновски нагласи дека нема потреба кај загриженост кај земјоделците, бидејќи се врши контрола само на 50-тина договори, а не 450 како што лиферува опозицијата.

  • „Исплатите за субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат“, рече Трипуновски и додаде: Инаку се работи за 50-тина предмети кои се од претходно објавени повици да бидат дозавршени, а не како што лиферува опозицијата дека се над 450 апликанти.

Трипуновски нагласи дека на последната владина седница е назначен нов директор на Агенцијата.

  • „Дополнително она што е важно, ние веќе на последната владина седница е назначивме и нов директор на самата институција којашто нормално веќе од внатре ќе почне да го движи процесот на самата Агенција, за да нема еден сериозен застој“, заклучи тој.

Во однос на прашањето дали постои опасност од дополнително пролонгирање на роковите, доколку ОЛАФ се вклучи во истрагата, Трипуновски информираше:

  • „Ние сме сведоци дека последниве неколку години ОЛАФ беше присутен во Платежната агенција, доаѓа без најава, без какво било претходно известување. Во моментов она што ние сме го преземале како институција согласно нашите надлежности е позитивно поздравено од Брисел. Дали ќе дојде ОЛАФ не знам, меѓутоа она што е наша обврска и ние ќе направиме се е да провериме и да испратиме сумиран извештај до Брисел што е констатирано при истрагата, и мислам дека веднаш потоа ќе продолжиме понатаму со едно тековно работење“.

Најнови вести од: Македонија

„Дупла корупција“: Директорот Васе Анакиев, уапсен на дело со 50 илјади евра, за „услугата“ барал двојно повеќе пари, кои ги давала шпедитерска фирма

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена на 20 март 2026 година и против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за […]

Никој не е над законот, очекуваме расчистување на случајот со уапсениот директор, велат од земјоделство

Борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“. Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.

„Н.М“: Дали бугарските шовинистички барања ја будат совеста на Европа?! Во Стразбур се отвори простор за правно делегитимирање на Вториот протокол!

„Ако се утврди дека Вториот протокол кон „Договорот за добрососедство со Бугарија’ не е дел не е дел од формалната преговарачка рамка, или дека излегува надвор од европските стандарди, тогаш ќе се отвори простор за негово правно делегитимирање! – пишува денес весникот „Нова Македонија“, повикувајќи се на правни експерти од Македонија, кои се во директна комуникација со експертските служби во ЕУ.

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Најнови вести

To top