Македонија

Мицкоски: Граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не работи добро, исто и јас – треба да се смени

„Јавниот обвинител Љупчо Коцевски треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Осврнувајќи се на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски премиерот Христијан Мицкоски посочи дека ниту тој лично, ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и оти логичен след на настаните би бил негова смена. „Не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно.“ – нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека граѓаните акламативно мислат оти Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот, кој го добиваат, е поголем од за 75 отсто отколку од земјите на ЕУ. „Најголемиот дел од граѓаните, огромен дел, би рекол акламативно мислат дека не си ја врши својата работа доволно добро и ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај, во којшто ќе бидам критикуван, а притоа буџетот којшто го добиваат нивни колеги, е поголем од 75 отсто од земјите членки на ЕУ, тогаш некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави.“ – подвлече премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top