Македонија

Фатен во обид да изнесе близу 100.000 евра од Македонија

Во торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор уште 50.000 евра

Вчера, царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин „Табановце“ запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава.

Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Претседател на суд има плата околу 3.000 евра, што е повисока и од мојата плата како премиер !

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на „Топ тема“ на Телма остро ја отфрли можноста за дополнително зголемување на судскиот буџет, нагласувајќи дека Македонија веќе издвојува далеку повеќе од европскиот просек, а резултатите во правосудството се далеку под очекувањата.

Предупредување од УХМР: Реките во Македонија драстично се полнат поради дождот

Обилните дождови во текот на изминатиот период предизвикаа нагло покачување на водостоите на речиси сите поголеми реки низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Мицкоски: Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва категорично исклучи какво било зголемување на старосната граница за пензионирање и нагласи дека евентуалното продолжување на работниот век ќе биде исклучиво доброволно и само во одделни сектори, како високото образование.

Германија силен поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вчера во Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, кој ја оствари првата официјална посета на Македонија.

To top