Македонија

Лице од ,,Црната листа” на САД осомничено за оштетување на куќата на авторот на македонската химна

Искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот

Со кривичната пријава за несовесно извршување на службената должност при што е оштетена спомен куќата – музеј на авторот на македонската Владо Малески во Струга е опфатен и  екс градоначалникот Рамиз Мерко кој е на црната листа на САД.

Според МВР кривичната пријава е поднесена против инвеститорот, едно лице од Охрид и три лица од општина Струга.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

На 15.10.2025 како инвеститор, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, првопријавениот на катарстарска парцела во Струга со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Второпријавената, во својство на архитект – конзерватор во националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, на основниот проект за семејна куќа втиснала службен печат и ставила потпис и одобрила мислење за усогласеност со идеен проект со што свесно постапила спротивно на Законот за заштита на културното наследство, спротивно на планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спротивно на решението за издавање на заштитно конзерваторски услови, издадено од Министерство за култура – Управата за заштита на културно наследство.

Третопријавениот, во својство на градоначалник на Струга, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот.

Четвртопријавениот, како раководител на Одделението за урбанизам во општина Струга, со пречекорување на службената положба го изготвил одобрението за градење, а го одобрил петтопријавениот како помошник раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина во општина Струга.

 

Најнови вести од: Македонија

Укинувањето на ослободувањето од ДДВ-то за „Тему“ и „Али Експрес“ е заради заштита на домашната економија

Од Министерството за финансии излегоа со првичен коментар дека целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, денес одржа емотивна прес-конференција на која повторно побара правда за трагичната сообраќајна несреќа што се случи пред три години на скопската обиколница кај Радишани.

ДВ: Уште еден западен министер дојде со „празен куфер“во Македонија

Најјасно разочарувањето се гледа во Македонија каде Вадефул ја заврши својата западнобалканска турнеја во вторникот навечер: Земјата го смени името за да го деблокира процесот, но повторно беше блокирана – прво од Франција, потоа од Бугарија

Гневот кон Дејан Јованов – Деко е огромен и оправдан, сепак дали судот ќе остане доследен или ќе подлегне кон оправданата „жед за крв“?

Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот во дисктотеката Пулс што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Мицкоски: Претседател на суд има плата околу 3.000 евра, што е повисока и од мојата плата како премиер !

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на „Топ тема“ на Телма остро ја отфрли можноста за дополнително зголемување на судскиот буџет, нагласувајќи дека Македонија веќе издвојува далеку повеќе од европскиот просек, а резултатите во правосудството се далеку под очекувањата.

Најнови вести

To top