Бизнис

Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора

Изборот претставува признание за неговата стручност, деловна посветеност и континуиран ангажман во унапредување на градежниот сектор кој има значајна улога во економскиот раст и инфраструктурниот напредок на земјата.

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ја одржа својата редовна седница на која беа дискутирани клучните предизвици и можности во секторот, како и насоките за негов понатамошен развој. На седницата, за претседател на Управниот одбор и претседател на Здружението беше реизбран Андреа Серафимовски. Изборот претставува признание за неговата стручност, деловна посветеност и континуиран ангажман во унапредување на градежниот сектор кој има значајна улога во економскиот раст и инфраструктурниот напредок на земјата.

Здружението ја реафирмира својата заложба да продолжи да делува во интерес на компаниите-членки и целокупната индустрија, преку следење на состојбите на пазарот, унапредување на законската регулатива и создавање предуслови за предвидлива, стабилна и поттикнувачка бизнис-клима. Во оваа насока, Здружението и во иднина ќе продолжи активно да соработува со надлежните институции, стручните организации и другите релевантни чинители, со цел креирање политики што ќе обезбедат одржлив раст и развој на секторот.

Во рамките на утврдените приоритети, во следниот период на работењето на Здружението уште повеќе акцентот ќе биде ставен на унапредување на процедурите за јавни набавки и инвестициски процеси, подобрување на техничките и безбедносните стандарди во градбите, поттикнување на иновациите и модернизацијата во производството и градежните практики, како и промовирање на одржливи и енергетски ефикасни решенија.

Здружението останува доследно на својата мисија да придонесува во развивање силен, конкурентен и современ градежен сектор, кој претставува столб на економскиот и општествениот развој.

На седницата на Здружението за градежништво, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, советник на претседателот за инфраструктура и економски развој која воедно е дел од Кооординативното тело за унапредување на секторот градежништво заедно со Серафимовски, најголемите градежни компании од Македoнија и високите претставници од Кабинетот на Претседателот на Владата, во името на Стопанската комора на Македонија и во име на претседателот на Комората, Бранко Азески му додели признание на Андреа Серафимовски за особен придонес, несебично вложување и остварување прогрес на активностите како претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top