Бизнис

(Видео): Забрзано се гради автопатот Прилеп-Битола, завршување до 2028 година

Автопатот, кој ќе ги поврзе двата најголеми града во Пелагонија, ќе обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, а очекувањата се дека неговата изградба ќе поттикне инвестициски развој и мобилност на населението.

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола напредува со силно темпо и се реализира согласно утврдената динамика, информира министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој истакна дека проектот претставува еден од клучните инфраструктурни приоритети на државата и дека градежните активности се одвиваат без застој.

  • „Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Продолжуваме по планот – автопатот ќе биде завршен до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо“, порача Николоски, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе донесе значајни економски придобивки за целиот Пелагониски регион.

Автопатот, кој ќе ги поврзе двата најголеми града во Пелагонија, ќе обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт, а очекувањата се дека неговата изградба ќе поттикне инвестициски развој и мобилност на населението.

Министерството за транспорт и врски останува посветено на реализацијата на приоритетните патни коридори и на модернизацијата на државната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за граѓаните и стопанството.

„Ја градиме Македонија“, порача министерот Николоски, најавувајќи дека темпото на изградба ќе продолжи и во наредните месеци.

https://www.facebook.com/watch/?v=1381372360018289

Најнови вести од: Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи

Според министерката стабилност на јавните финансии и поттикнување на економскиот раст се основата на која ја темели економската политика што ја креира и спроведува Владата, а ефектите се гледаат и во економските показатели

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра

Управителот на „TESSA Energy“ вели дека ова е само првата фаза, а веќе во втората фаза се планира нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар

„Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ за Македонија

Во најновиот извештај „Фич“ констатира дека македонската економија покажува отпорност и дека реалниот економски раст забрза на 4,3% во вториот квартал од 2026 година, поттикнат од силните резултати во градежништвото и преработувачката индустрија

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Присуството во Хјустон беше можност Грин Машинс да ги претстави своите целосно електрични решенија за урбано чистење пред американската професионална јавност

Е-фактурата носи ново ниво на дигитализација и поголема правна сигурност за компаниите

Електронската фактура претставува една од најзначајните дигитални реформи што ја спроведува Управата за јавни приходи. Нејзината цел не е само да ја замени хартиената фактура со електронска, туку да воспостави целосно нов модел на дигитална комуникација помеѓу компаниите и даночната администрација. Со оваа реформа создаваме побрзи процеси, поголема правна сигурност, подобра даночна усогласеност и значително помал административен товар за компаниите.

To top