Македонија

“Вистинска парада на гордоста” во Битола

“Вистинска парада на гордоста” по четврти пат се одржа синоќа низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани, јави порталот Битола.њуз. Парадата има за цел да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… истакнаа организторите. „Сакаме да го оствариме нашето право, а тоа […]

“Вистинска парада на гордоста” по четврти пат се одржа синоќа низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани, јави порталот Битола.њуз.

Парадата има за цел да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… истакнаа организторите.

„Сакаме да го оствариме нашето право, а тоа е вистината, за разлика од другите кои ја урнисуваат нашата татковина, а на другите паради се исмејува патриотизмот, Господ Бог и се осквернува семејството. “Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татко… Тука, по четврт пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина.

По парадата, битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши кај Офицерски дом.

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

To top