Свет

Американска конгресменка обвинета за кражба

Доколку биде осудена, таа се соочува со затворска казна до 53 години

Конгресменка од САД е обвинета за кражба на 5 милиони долари од федералните фондови предвидени за справување со катастрофи.

Во обвинението се тврди дека Шила Черфилус-Меккормик испрала дел од парите на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) преку нејзината изборна кампања во 2021 година.

Главниот обвинител Пам Бонди го нарече тоа „особено себичен, циничен злостор“.

46-годишната демократка е под истрага на Комитетот за етика на Претставничкиот дом и може да се соочи со исклучување од Конгресот.

Черфилус-Меккормик, која беше избрана во Конгресот во 2022 година, тврди дека е невина и вети дека ќе го исчисти своето име.

Доколку биде осудена, таа се соочува со затворска казна до 53 години, објави Би-Би-Си.

Според истрагата, 46-годишната конгресменка, заедно со својот брат Едвин Черфилус, преку семејната здравствена компанија „Тринити хелткеар сервисес“ земале дел од средствата што ФЕМА ги исплатила за регистрација на граѓани за Ковид-вакцини.

Министерството за правда тврди дека компанијата добила преплата од пет милиони долари во јули 2021 година, по што започнало префрлање на пари преку повеќе сметки, со намера да се прикрие нивното потекло.

Обвинителите наведуваат дека дел од средствата биле насочени кон пријатели и роднини на конгресменката, кои потоа ги донирале назад во нејзината кампања како лични донации.

Најнови вести од: Свет

Ескалира ситуацијата во Иран: убиени најмалку 50 демонстранти и 15 припадници на безбедносните сили, а 2.300 се уапсени

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп, кој последните денови постојано се закануваше со воен напад врз Иран, објави на социјалните мрежи: „Иран сака слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“

Илјадници пожарникари во Австралија се борат со најлошите шумски пожари по „Црното лето“ од 2019-2020 година

Во Австралија повеќе од 130 објекти, вклучувајќи куќи, се уништени, а околу 38.000 домови и бизниси останаа без електрична енергија од пожарите, соопштија властите, додавајќи дека ова се најлошите пожари во државата од таканареченото „Црно лето“ од 2019-2020 година, кога шумските пожари уништија област со големина на Турција и убија 33 Австралијанци.

To top