Македонија

Ги собрал парите оставени од верниците и „мртов ладен“ заминал (ВИДЕО)

Без никаков срам, крадецот внимателно ги пребарал сите места каде традиционално се оставаат донации

Црквата „Свети Никола“ во Катланово минатата недела беше мета на дрска кражба.

Инцидентот е целосно снимен од црковната камера, а видеото предизвика шок и револт кај верниците.

На снимката јасно се гледа како непознат маж влегува во храмот и со целосна смиреност почнува да ги разгледува иконите.

Наместо да се помоли или да запали свеќа, тој методично ги собира парите оставени од верниците за здравје и среќа. Без никаков срам, крадецот внимателно ги пребарува сите места каде традиционално се оставаат донации, а потоа мирно ја напушта црквата како ништо да не се случило.

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите(ВИДЕО)

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски ќе учествува на четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски денеска ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска.

Нема да дозволиме да се повтори Кочани: Митко Јанчев објаснува зошто Лукас заврши во полиција

Настапот на популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас во кавадаречки локал синоќа драматично заврши со полициска интервенција: пејачот беше приведен поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и пречекорување на капацитетот на објектот, потврдија Министерството за внатрешни работи и градоначалникот Митко Јанчев.

To top