Бизнис

Бизнисот не сака чести избори, оти со месеци се парализира државата

Според, последните податоци на НБРМ, минатата година во првите два квартали странските инвестиции изнесувале околу 560 милиони евра, оваа година пак во истиот период се преполовени, односно малку над 220 милиони евра.

Изборите ја закочија исплатата на државната помош на странските компании. Според оние кои раководат со странските фирми во земјава, прв пат се случува да се доцни исплатата и тоа не е добро, објави Телма. Извршниот директор на ОДВ Електрик, Огнен Цубалевски, вели и претходно се случувале избори, па не се доцнело.

  • „Оваа година прв пат имаме девијација заради изборите. Се уште не е исплатена државната помош. Дванаесет години се исплаќа на време и имало не знам колку избори и никогаш не дошло до доцнење. Оваа година прв пат не се исплаќа со информација дека е тоа заради локалните избори. И тоа е нешто што мислам дека не е и треба на Македонија“, изјави Цубалевски.

Во меѓувреме, автомобилската криза во Германија се чувствува и овде. Бидејќи таму пазарот стагнира, се отвора можност за влез на кинески возила. Кои пак, не се партнери на инвеститорите во Македонија.

Според Виктор Мизо, претседателот на Советот на странски инвестиции, голема улога имаат американските царини.

  • „Царините кои се воведени од страна на Трамп пред се за премиум производители на возила во Европа, каде што најголемите нивни пазари се во САД, тие 15% дополнителна царина, влијае на продажбата на Мерцедес, на БМВ и на Рејнџ Ровер, а ние имаме производи за тие компании. И ако ги видите последните бројки за профитабилноста на овие компании, ќе видите дека профитот на Порше за девет месеци од годината е намален за над 95 проценти споредено со минатата година. Слично се случува и со Мерцедес и со Фолсфаген“, изјави Мизо.

Поради овие проблеми, компаниите Аптив и Дура се пред затворање на своите погони во зоната во Скопје. Други го намалија бројот на вработени, а некои се одлучија за укинување на смените.

Според, последните податоци на НБРМ, минатата година во првите два квартали странските инвестиции изнесувале околу 560 милиони евра, оваа година пак во истиот период се преполовени, односно малку над 220 милиони евра.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top