Македонија

Од маркети до кафетерии: Еко-патролата со средби за почисто Скопје

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше работни средби со  претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот.

Минатата седмица Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ одржа едукативни средби со претставници на 102 стопански субјекти низ главниот град – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици.

Целта беше јасна: да се запознаат сопствениците и вработените со правилата за одлагање на комуналниот отпад и отпадот од пакување, за да се спречи неконтролирано фрлање, оштетување или палење на контејнерите и да се зачува чистотата и здравјето на сите скопјани.

За време на средбите, членовите на Еко-патролата детално објаснија каде и на кој начин треба да се одложува отпадот од секојдневното работење, нагласувајќи дека правилното постапување е клуч за почиста животна средина и помалку проблеми на улиците.

Активностите на Еко-патролата продолжуваат и во наредните недели, со најави дека ќе опфатат уште поголем број објекти низ цело Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top