Македонија

Мемов: Праведно е линеарното зголемување на пензиите

Инфлацијата или зголемувањето на цените се исти и за вас и за мене. Така што животниот стандард поскапува за сите пензионери подеднакво, вели директорот на ПИОМ

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), Никола Мемов, вели дека линеарното зголемување на пензиите е воведено на барање на пензионерите и дека е праведен концепт.

Мемов потврди дека зголемување на пензиите ќе има согласно законската регулатива. Тој најави дека во март 2026 година е предвидено зголемување од 1.000 денари, како и законско усогласување во септември 2026 година, кое се очекува да се движи помеѓу три и пет проценти.

Мемов, во гостување на „Трилинг“ беше прашан дали линеарното зголемување може да биде популистичка мерка, на што одговори дека таа е донесена на барање на пензионерите и дека вкупниот буџет за усогласување на пензиите е ист како и при другите проекции.

„Разликата е во тоа што сите добиваат линеарно, а практично проекцијата на буџетот за 2025 за усогласувањето беше проектирана на 4 отсто. Вкупниот буџет е ист што се подели кај пензионерите – во висина од 1.000 денари на секој пензионер линеарно и тој се однесува заради ублажување на ценовните шокови, инфлацијата, зголемувањето на платите“.

Мемов нагласи дека вкупното зголемување на пензиите во изминатиот период изнесува 25 проценти.

Според него, разликите кај пензионерите, кој колку уплаќал како придонес по основ на работниот стаж, разликите во уплатите завршуваат со денот на изготвувањето на решението за пензија.

„Вие сте уплаќале повеќе и имате поголема пензија на денот на пензионирањето, јас сум уплаќал помалку во Фондот и имам помала пензија“вели Мемов.

Тој појасни дека во Македонија има социјално-солидарен систем, потенцирајќи дека зголемувањето има за цел да го намали ценовниот шок, кој е еднаков за сите пензионери.

„Инфлацијата или зголемувањето на цените се исти и за вас и за мене. Така што животниот стандард поскапува за сите пензионери подеднакво. Овој концепт е исправен и праведен, затоа што концептот на пензискиот систем во Македонија е социјално-солидарен“,вели дирректорот на ПИОМ.

Инаку, Уставниот суд на седница во средата поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, кој се однесува на линеарното зголемување на пензиите…

По предлог на судијката Добрила Кацарска, Уставен суд ќе го оценува линеарното зголемување на пензиите

 

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top