Македонија

Гаши ја врати на доработка иницијативата за анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија што треба да ги испита околностите за трагедијата во Кочани.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија што треба да ги испита околностите за трагедијата во Кочани. Како што информираше Гаши на брифинг, во поднесениот предлог било утврдено дека мнозинството во комисијата му припаѓа на опозицискиот блок, што е спротивно на собранискиот Деловник.

Според член 3 од иницијативата, предложениот состав на комисијата е:
– 4 членови од СДСМ,
– 4 од ДУИ,
– 1 од Левица,
– 3 од ВМРО-ДПМНЕ,
– 2 од Вреди и
– 1 од ЗНАМ.

Гаши се повика на член 124 од Деловникот, според кој сите работни тела, вклучително и анкетните комисии, мора да имаат состав пропорционален на парламентарниот распоред на сили. Тоа значи дека мнозинството во комисијата го има власта, додека претседателот се избира од редовите на опозицијата. Бидејќи ова правило не е испочитувано, иницијативата е вратена на доработка.

Инаку, предлогот за анкетна комисија беше поднесен минатата недела од 20 пратеници на СДСМ и Левица. Власта соопшти дека ја прифаќа идејата за формирање вакво тело, но најави дека ќе бара проширување на надлежностите и со други трагедии – пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи на „Беса транс“ и „Дурмо турс“.

Најнови вести од: Македонија

Сомнежи на полицијата: ЈП „Водовод“ и општина Гостивар со три пумпи вбризгувале отпадни води во гостиварскиот водовод и го загрозиле здравјето на граѓаните!

Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. – Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Банов: Ревизорите за 2024 година, утврдиле дека ПОЦ отпишала над 3 милиони денари долгови

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да отвори предмет по допрен глас за работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Манасиевски: Коалицијата СДС-Левица-ДУИ го спречи изборниот закон, за да глумат жртви и да имаат алиби за следните избори, кои историски ќе ги загубат!

„Опозицијата доби бланко-лист за исполнување желби за изборниот закон, но го одбија, за да глумат жртви. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ сметаат дека тоа ќе им донесе политички поен повеќе.“ – соопшти портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

To top