Бизнис

Инфлацијата во 2026 година треба да се движи од 2 до 3 проценти

Проекциите на Владата за инфлацијата во наредната, 2026 година, се таа да се движи во рамки од два до три проценти, вели нејзиниот претседател, Христијан Мицкоски. Истите очекувања, според премиерот, се однесуваат и на нивото на базичната инфлација.

Проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу два и три проценти. На тоа ниво се очекувањата на Владата и за нивото на базичната инфлација. Ова го изјави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште четири поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за договорено покачување на цените на производите.

  • Да оставиме Антимонополската комисија да си ја заврши својата работа. Мислам дека наскоро ќе има и разврска, рече премиерот Мицкоски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, во организација на Министерството за локална самоуправа.

Инаку, на почетокот на овој месец премиерот рече дека проекциите на Владата за инфлацијата оваа година се меѓу 3,5 и четири проценти.

Од Народната банка претходно соопштија дека за 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација да изнесува 3,9 проценти

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот Трајко Славески очекува пад на инфлацијата на 2,5%

Оптимистички прогнози на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Според она што го изјави, Славески очекува економскиот раст во 2026-та да биде речиси 4 проценти. Според него јавните инвестиции во патната и во железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

Што е со компаниите кои не исплатиле регрес за годишен одмор, односно К-15?!

Во 2025-та бил исплатен регрес за годишен одмор во вредност од околу девет милијарди 212 милиони денари. Завршил на сметката на над 455 илјади 680 работници. Но сепак дел од вработените на кои им следува не добиле пари. Се обратиле во трудовиот инспекторат, оттаму звелат се постапува по пријавите, работодавачите добиваат опомени, ако не ја завршат обврската им се заканува казна.

Паѓа невработеноста во Македонија – Во кои градови има најмногу невработени?!

Статистиката покажува дека и понатаму најмногу граѓани кои бараат или чекаат работа преку Агенцијата се лицата кои се пријавуваат од 5 до 7 години, и во оваа група има дури 23002 лица кои се пријавуваат за невработени. Следна е групата на граѓани кои пак бараат работ над седум години, односно 8 и повеќе години, и тука има пријавено 12. 938 лица кои се невработени. 

(Видео): Дури 25% од возилата во Европа имаат вградени делови произведени во Македонија

Како членка на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, „Џонсон Мети“ е активно вклучена во иницијативи насочени кон подобрување на извозот, проширување на регионалната соработка и создавање образовен систем усогласен со потребите на бизнисот, како и во промовирањето на политика „нула“ толеранција на корупцијата, креирање мерит систем и јакнење на одговорноста.

Трошоците за живот за еден месец пораснале за 0,4%, на што се должи тоа и ќе има ли затворање на дуќани?!

Властите веќе посочија дека нема да носат краткорочни мерки кои ќе ја зауздаат инфлацијата која е двојно повисоко од речиси половина држави од ЕУ со образложение дека ад-хок мерки не даваат резултати на долг рок.

Инфлацијата за 2025 изнесувала 4,1%, што ќе донесе 2026 година?!

Инфлација од 4,1 отсто на годишно ниво измери статистиката. За една година најголем скок на цените е регистриран кај храната и безалхохолните пијалаци, но значително поскапеле и рестораните и хотелите, како и културата и рекреацијата. Цените на мало, пак, бележат скок од 3,6 отсто во 2025 во споредба со 2024-тата. Поскапело речиси се, на секое поле.

Најнови вести

To top