Македонија

Конечно, припадниците на злосторничкото здружение ќе треба да положат сметка, вели сопругот на Јанкуловска

Одговорност за злотворите од ‘пупка’ судството и рекетарското СЈО

Стразбур ќе проверува дали имало независност и непристрасност во македонските судови кога одлучувале за набавката на блиндираниот „мерцедес“ – случај познат во јавноста како „Тенк“.

Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против Јанкуловска

Одбраната вели дека судиите во Стразбур ќе проверуваат повреда на речиси сите ставови од членот шест на Конвенцијата кој се однесува право на пристап до суд.

„Контрадикторност на постапката, еднаквоста на оружјата, брзината со која се одвиваше постапката, во услови кога Гордана само што беше породена, прашања поврзани со независност и непристрасност на судот и повреда на презумцијата на невиност и повредена на правото на пристапност до суд па и самото постоење на суд основан на закон. Би рекол дека станува збор за сите членови што ги опфаќа членот 6 од Конвенцијата што доволно говори за тежината и масовноста на повредите кои што беа сторени во текот на постапката“ вели во изјава за Алфа,ВЛАДИМИР ИЛИЕВСКИ – Адвокат на Гордана Јанкуловска.

Доколку судот во Стразбур утврди дека имало повредена на правата на Јанкуловска, одбраната ќе има право да бара и финансиска отштета од државата. За нејзиниот адвокат тоа и не им е толку битно, затоа што нивното основна цел е судската постапка да биде повторена со почитување на правата на ексминистерката, за што се надеваат дека во догледно време Стразбур ќе го напише во одлуката.

„Нормално преку барање на одговорност на сите актери кои беа вклучени во оваа судска постапка. Би сакал да кажам дека доколку Судскиот Совет беше на вистината на задачата, доколку имаше минимален интигритет немаше ни да дојде до оваа постапка во Стразбур, крај на 18 и почеток на 19, поднесовме иницијатива за отврдување на одговорност за тогашниот претседател на кривичниот совет Кацарска, но СС одногласно ја одби таа иницијатива, што остави простор ние понатаму во Стразбур да бараме утврдување на одговорност“ вели Илиевски – Адвокат на Гордана Јанкуловска.

СЈО не било формирано за тоа што обичните луѓе мислеа

Кривичниот суд во 2018 година ја осуди поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска на шест години затвор за набавка на возилото „мерцедес“ во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. По жалбите на Јанкулоска кои Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи, првостепената пресуда и беше преиначена само во делот на одлуката за казната и и ја намали на четири години.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

To top