Македонија

Европратениците на Орбан го блокираа амандманот за „модерен македонски јазик и идентитет“, се жалат од Бугарија

Радан Канев, европратеник од Демократска Бугарија се пожали на Фејсбук дека бугарскиот амандман за додавање „модерен“ пред формулацијата „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија бил блокиран од европарламентарците од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Европратениците на Орбан блокираа амандман во интерес на Бугарија во извештајот за Северна […]

Радан Канев, европратеник од Демократска Бугарија се пожали на Фејсбук дека бугарскиот амандман за додавање „модерен“ пред формулацијата „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија бил блокиран од европарламентарците од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Европратениците на Орбан блокираа амандман во интерес на Бугарија во извештајот за Северна Македонија.

Денес, во Комитетот за надворешни работи на ЕП се одржа гласање за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија. Благодарение на напорите на сите бугарски европратеници, а особено на Андреј Ковачев и на Ивајло Валчев, главните групи во ЕП поднесоа усмен амандман што одговара на бугарската национална позиција за извештајот – додавајќи го зборот ‘модерен’ пред формулацијата за македонскиот јазик и идентитет.

Според процедуралните правила на ЕП, ако најмалку пет члена на Комитетот се спротивстават, тие можат да го блокираат гласањето за усмениот амандман.

Па, тие станаа и се спротивставија – тројца од партијата на Орбан и уште тројца антиевропски националисти, поддржани од Орбанистите.

Ништо фатално не се случи – ЕПП ќе го предложи истиот амандман во пленарната сала, а извештајот на ЕП не ја обврзува Бугарија на никаков начин во нејзините позиции во процесот на преговори.

Но, барем Орбан покажа кој е – единствениот јавно прокламиран противник на бугарската национална позиција во Европа. Лидер на партијата што го блокира широкиот консензус во одбрана на бугарскиот интерес и заедничката позиција на ЕУ.

Очекувам сè повеќе бугарски ‘патриоти’ и ‘националисти’, како и шефот на државата и лидерот на ГЕРБ да продолжат да му се додворуваат и да објаснуваат каков пријател на Бугарија е…“, се јадосува Канев.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top