Македонија

Обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се произнесат дали чувствуваат вина

Со обвинението се опфатени 34 физички и три правни лица , меѓу кои сопственици на локали, поранешни градоначалници, инспектори, членови на обезбедување, управители и државни службеници

Откако на минатото рочиште, обвинителството во својот воведен говор го презентираше обвинението за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во судскиот комплекс во „Идризово“ продолжува судскиот процес  во кој се очекува обвинетите да се произнесат дали се чувствуваат виновни или не, по што ќе следуваат воведните зборови на одбраната.

Во пожарот, на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 200 беа повредени.

На минатото рочиште, јавниот обвинител Борче Јанев истакна дека се бара одговорност „по име и презиме“ за сите кои дозволиле „Пулс“ да функционира како „смртоносна стапица“.

Тој рече дека катастрофата не е резултат само на активираната пиротехника, туку на долгогодишен институционален молк, игнорирана опасност и неказнивост.

Со обвинението се опфатени 34 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственици на локали, поранешни градоначалници, инспектори, членови на обезбедување, управители и државни службеници.

Тие се товарат за низа кривични дела поврзани со загрозување на јавната безбедност, незаконско работење и тешки последици по животот и здравјето.

Судењето се одвива под строги безбедносни протоколи. Во судницата присуствуваат обвинетите, семејства на настраданите, домашни и странски новинари, како и претставници на обвинителството и одбраната.

Процесот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, која уште на првото рочиште најави дека нема да дозволи злоупотреби и непотребни одложувања, предупредувајќи дека сите страни мора да почитуваат дисциплина и рокови.

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да води антимакедонска политика? (ВИДЕО)

По доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се клучот за забрзан економски раст (ВИДЕО)

Мицкоски оцени дека со постоечките и најавените странски инвестиции го исцрпуваме човечкиот капацитет, па затоа треба да се насочиме кон нови, регионални проекти, особено оние што вклучуваат вештачка интелигенција и ќе нè обединуваат.

Запрена истрагата против Ратко Капушевски и „Пуцко петрол“ за набавката на мазут

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу нив и бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

ВМРО-ДПМНЕ: „Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче“

Само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции

To top