Македонија

Државни службеници осомничени за проневера, дека ги испразниле стоковите резерви и направиле штета од 780 илјади евра

Станува збор за вработени во Агенција за стокови резерви, Агро берза, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Дури 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен биле отпишани од државните стокови резерви во 2021 и 2022, со што се причиниле штети на државниот буџет од 780.000 евра. За вакво дело Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во Биро за јавна безбедност при МВР сомничи петмина функционери или вработени во државната администрација во 2021 и 2022 година.

Денеска ОСОСК во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје извршило претреси, барајќи докази против петтемината. Станува збор за вработени во Агенција за стокови резерви, Агро берза, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МВР ги сомничи следниве лица за злоупотреби сторени во периодот 2021-2022, кои тогаш ги извршувале наведените функции:
Ниметула Рамадани, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Раководител во Агенција за стокови резерви – Скопје.
Реси Абдурахмани, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“.Директор на Агенција за стокови резерви – Скопје.
Тони Кантурски, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Раководител во Агенција за стокови резерви – Скопје.
Трајан Димковски, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Миле Пешевски, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Вешто лице при биро за процена од областа на земјоделството.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако мисли некој дека треба билатералните прашања да бидат пречки за членство во ЕУ, тогаш не можеме ништо да сториме

Вториот чекор во реформската агенда, според претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, е да влеземе во либерализација на пазарот за електрична енергија за домаќинствата, сите оние кои се на регулираниот пазар. „Но, тоа нема да го направиме, зашто ако тоа го направиме тогаш домаќинствата и сите оние коишто се на регулираниот пазар минимум ќе имаат 30 до 35 проценти поскапи сметки за електрична енергија. Тоа свесно нема да го направиме.“ – рече Мицкоски на денешната прес-конференција за доделување решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

Манасиевски: Судии и обвинители-митаџии со само 2 отсто доверба бараат плати и до 6 илјади евра!

„На македонското правосудство му е потребен ремонт. Во судството и обвинителството не смее да има остатоци од оние, кои ги бираа СДС и ДУИ. Корумпирани и криминални. Поради оваа група на поединци, чесни и транспарентни судии и обвинители не можат да дојдат до израз.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешната изјава за медиумите.

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, постапувал спротивно на законот

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.

Андоновски: Речиси 40.000 студенти подигнаа ваучери за купување комјутери

Ваучер во вредност од 15.300 денари во првата недела од повикот подигнале околу 40.000 студенти а планирани се 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите запишани на универзитетски студии во академската 2025/26 година

Најнови вести

To top