Свет

Средба Зеленски-Трамп в четврток на денот на благодарноста?!

Лидерите на т.н. „Коалиција на подготвените“ – група од европски држави, Турција, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија – одржаа виртуелна средба за да го разгледаат американскиот дипломатски напор за постигнување мировен договор. Иако оригиналниот 28-точков план, тајно подготвен од американски и руски претставници, предвидуваше целосно исклучување на НАТО-присуство во Украина, Париз и Лондон остануваат решени: физичката присутност на западни сили е, според нив, неопходна за да се спречат идни руски агресии.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Киев е подготвен да продолжи со рамката на мировниот договор во соработка со САД и Европа, пренесоа британските медиуми. Според изворите на Ројтерс, Зеленски ѝ соопштил на „Коалицијата на подготвените“ дека безбедносните одлуки што се однесуваат на континентот мора да ги вклучат европските земји, јави Ројтерс.

Притоа, украинскиот лидер изјави дека е подготвен да разговара за чувствителните точки од мировниот договор со американскиот претседател Доналд Трамп, но истакна дека и европските лидери мора да учествуваат на тој состанок.

Меѓу другото, тој ги повика своите европски сојузници да создадат функционална рамка за распоредување на таканаречените „сили за убедување“ во Украина, со цел одржување стабилност во периодот на можен прекин на непријателствата. Зеленски подвлече дека поддршката за Украина мора да продолжи „сè додека Русија не покаже подготвеност да ја прекине својата инвазија“.

Според порталот Аксиос, шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, потврдил дека украинскиот претседател сака итен состанок со Трамп, потенцијално уште за Денот на благодарноста, кој годинава се паѓа на 27 декември, (четвртиот четврток од ноември), за да се финализира мировниот договор.

  • Се надевам дека посетата на претседателот Зеленски ќе се случи што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе му помогне на претседателот Трамп да ја продолжи својата историска мисија за завршување на оваа војна – изјави Јермак во интервју преку Зум.

Понатаму, се наведува дека Трамп вечерва треба да го напушти Вашингтон и да пристигне во својот имот Мар-а-Лаго, на Флорида, каде би можело да се одржи потенцијалната средба.

САД постигнаа огромен напредок кон постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

  • „Во текот на изминатата недела, САД постигнаа огромен напредок кон доведување и на Украина и на Русија на преговарачка маса“, изјави Ливит во објава на социјалната мрежа Икс.

Лидерите на т.н. „Коалиција на подготвените“ – група од европски држави, Турција, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија – одржаа виртуелна средба за да го разгледаат американскиот дипломатски напор за постигнување мировен договор. Иако оригиналниот 28-точков план, тајно подготвен од американски и руски претставници, предвидуваше целосно исклучување на НАТО-присуство во Украина, Париз и Лондон остануваат решени: физичката присутност на западни сили е, според нив, неопходна за да се спречат идни руски агресии.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Ричард Гир силно заљубен во 34 години помлада сопруга – поради неа се пресели во Шпанија

Ричард ја откри причината за преселбата за време на гостувањето во емисијата „Џими Фалон“: „Мојата сопруга е Шпанка и ми даде седум години во Америка, па сега поминуваме неколку години во Мадрид, блиску до нејзиното семејство.“ Тој исто така нагласи дека преселбата била одлична одлука за нивните синови: „Нашите деца се двојазични и таму ќе напредуваат уште повеќе.“

Лавров: Русија чека САД да достават привремена верзија на својот план за Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва очекува Вашингтон да достави преодна верзија на планот за решение на конфликтот во Украина, договорена со Европејците и Украинците.

НАТО и Русија никогаш поблиску до војна: Романија испрати предупредување до граѓаните и „крена“ ловци

Романските власти утрово издадоа две предупредувања RO-ALERT за округот Галац во југоисточна Романија, откако Генералштабот на воздухопловните сили пријави можни мали воздушни цели во областа на границата со Украина, објави Романскиот генерален инспекторат за вонредни ситуации.

To top