Бизнис

Поевтини евро-плаќања од 9 декември – СЕПА влегува и во државната каса

По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, во 40 земји кои се опфатени со системот. Имајќи предвид дека 80% од вкупните одливни плаќања и 90% од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра за електронските налози и 5 евра за хартиените налози, а сите приливи преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра.

Плаќањето, како што сооопшти Народна банка, ќе се реализира преку  НЛБ банка за што е потпишан договор меѓу гувернерот Трајко Славески и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир. Договорот  ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА.

  • Со овој значаен чекор Народната банка, покрај регулаторната и надзорната улога во платежната сфера, ја потврдува и својата оперативна улога во обезбедувањето подобри и поквалитетни услуги за државата и за државните органи во извршувањето на прекуграничните плаќања – изјави Славески.

Според Бродњак, пак, ова претставува значаен чекор кон подлабока интеграција со платниот систем на Европската Унија и ја поддржува пошироката цел за интеграција во ЕУ.

  • Оваа пресвртница се надоврзува на нашето неодамнешно воведување на услугата „Епл пеј” (Apple Pay) за сите наши клиенти во ЈИЕ и успешното влегување на „НЛБ банка” Скопјe во шемата на кредитниот трансфер преку СЕПА, дополнително зајакнувајќи ја посветеноста на Групацијата НЛБ за поттикнување на финансискиот развој и иновациите во Северна Македонија – рече тој.

По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА. На овој начин, ќе се овозможат значителни заштеди за државата и за државните институции при извршувањето на прекуграничните плаќања во евра со четириесетте земји членки на СЕПА.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Божиновска со серија средби со амбасадори за иднината на енергетиката во Македонија

Во рамките на средбите министерката Божиновска разговараше со австрискиот амбасадор Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.

Како да се намали сметката за струја за дури 40%?!

За многу компании, промената на снабдувачот со електрична енергија и изборот на партнер како ЕДС претставува еден од наједноставните чекори кон поефикасно управување со трошоците – без ризик, без прекин во работењето и со јасна слика за потенцијалните придобивки.

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите на граничните терминали

„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои, како што велат,  неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.

Нема да дозволам да ми e извалкано името, истакна Бислимоски по обвинувањата кон него

Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад велат дека во постапката за одземање лиценца на „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.

Се наѕира ли крај на проблемите со превозниците од Западен Балкан?!

Според проценките, поради проблемите со режимот на престој на професионалните возачи, економската штета за европската економија се мери до 100 милиони евра дневно, што очигледно стана неодржливо за самите членки на ЕУ.

Бошков: Дополнителните 100 евра раст без олеснети давачки за социјалните придонеси, би биле голем товар за стопанството

Треба да разговараат отворено, да ги објаснат состојбите, бидејќи исклучиво професиналците во одредени сектори  и  одредени политики ќе можат  да ги кажат состојбите врз основа на искуството, врз основа на довербата и врз основа на нивното професионално знаење, вели Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија, во која преку здружени асоцијации членуваат околу 8 000 компании, најголемиот дел микро и мали.

ССМ ги повика сите на протест за платите, премиерот одговори: Секој има право да протестира

Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, рече претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот, најавувајќи го протестот на 28 јануари. Од Синдикатот бараат минималната плата да биде 600 евра и зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари.

Европската комисија е свесна за проблемот на балканските камионџии, но дали ќе делува?!

Европската Унија ја следи ситуацијата со блокадите на транспортерите и е во контакт со партнерите од западен Балкан, но правилата за системот на влез и излез се веќе познати – велат од Европската Комисија.

To top