Македонија

Македонија со милион жители помалку до 2100 година, според ОН!

Светската организација проценува дека Македонија ќе загуби над двојно повеќе луѓе за помалку од осум децении од сега

Безмалку катаклизмична проекција за бројноста на населението во Македонија до крајот на веков од Обединетите нации, според која македонската држава ќе има речиси еден милион жители помалку отколку на последниот попис!

ОН ѝ предвидува на Македонија дека во 2100 година ќе има само 862.997 жители, над двојно помалку од регистрираните 1.836.713 при последното пребројување на населението во 2021 година.

Врз основа на ова предвидување, Македонија ќе биде на 36. место меѓу 45 земји во Европа, чија популација на крајот од тековното столетие ОН проценува дека ќе достигне 657.445 милиони жители.

Најбројно население ќе има Русија од околу 126 милиони, втора е Велика Британија со 74 милиони, а трета Германија со речиси 71 милион.

Најнови вести од: Македонија

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top