Регион

Трамп ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан

Американскиот претседател ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан за уште една година, задржувајќи ја правната основа за продолжување на санкциите на САД врз поединци и субјекти во регионот, јави Индекс.хр. Одлуката е донесена поради тековните „невообичаени и вонредни закани“ за националната безбедност на Соединетите Американски Држави. Продолжувањето на вонредната состојба е објавено во Федералниот […]

Американскиот претседател ја продолжи вонредната состојба за Западен Балкан за уште една година, задржувајќи ја правната основа за продолжување на санкциите на САД врз поединци и субјекти во регионот, јави Индекс.хр.

Одлуката е донесена поради тековните „невообичаени и вонредни закани“ за националната безбедност на Соединетите Американски Држави.

Продолжувањето на вонредната состојба е објавено во Федералниот регистар и му овозможува на претседателот да воведе финансиски и други рестриктивни мерки врз поединци и субјекти поврзани со Западен Балкан според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации.

Белата куќа ги наведе „активностите на поединци што го загрозуваат мирот и напорите за меѓународна стабилизација во регионот“, вклучувајќи екстремистичко насилство и опструктивни активности што „го попречуваат напредокот кон ефикасно и демократско управување и целосна интеграција во евроатлантските институции“.

Вонредната состојба за Западен Балкан првпат беше прогласена во јуни 2001 година, а беше дополнително проширена во јануари оваа година со Извршната наредба 14140 на претседателот Доналд Трамп, за да ја вклучи борбата против корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот.

Ова е една од низата вонредни мерки што ги прошири администрацијата на Доналд Трамп како дел од стратегијата за одржување на економскиот притисок врз регионите што се сметаат за закана за безбедносните интереси на САД.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top