Македонија

ВРЕДИ: Со пописот 2021 Албанците од дијаспората станаа граѓани од втор ред

“Последниот попис на населението, предводен од тогашната влада ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора“, реагираат од ВРЕДИ по вчерашната одлука на Уставн суд за укинување на категориите „резидентно“ и неразидентно“ население при спроведување на ова статистичка операција ОД ВРЕДИ велат дека претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна […]

“Последниот попис на населението, предводен од тогашната влада ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора“, реагираат од ВРЕДИ по вчерашната одлука на Уставн суд за укинување на категориите „резидентно“ и неразидентно“ население при спроведување на ова статистичка операција

ОД ВРЕДИ велат дека претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создала категориите „резидентно население“ и „нерезидентно население“, третирајќи ги иселениците-Албанци од Македонија како граѓани од втор ред.

„Ова беше намерен политички чин за минимизирање на вистинската тежина на Албанците во државата. Ова беше обид да се поништи придонесот и политичката тежина на албанската дијаспора, за ниски партиски интереси. Во очаен обид да ги измие рацете од одговорност, ДУИ го изнесува својот заменик за да ја брани неправдата што ѝ ја нанесе на албанската дијаспора, со разработени, но празни аргументи.

Ние во ВРЕДИ јасно го кажуваме: штетата е направена, но ќе ја исправиме секаде каде што е можно! Одлуката на Уставниот суд е победа за правото, победа за албанската дијаспора и доказ дека државата не може да се однесува арогантно кон своите граѓани.

ВРЕДИ е посветена на воспоставување на достоинството на албанската дијаспора, целосно вклучување во политичкиот и институционалниот живот и исправување на секоја неправда наследена од минатите влади“, се вели во соопштението.

Уставен суд: Нема веќе поделба на граѓаните на „резиденти“ и „нерезиденти“

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top